недела, 9. август 2020. Вести денес: 76
home Вести

Рекордно зголемување: Јапонија со 1.540 новозаразени

Рекордно зголемување: Јапонија со 1.540 новозаразени

Вчера во Јапонија се регистрирани 1.540 нови случаи на коронавирусот, со што трет ден по ред има по повеќе од илјада заразени, но нема нови смртни случаи.

Како што соопшти денеска јапонското Министерство за здравство, вчера во Токио се регистрирани 472 нови случаи, што е најголемото дневно зголемување досега забележано во јапонскиот главен град.

Од почетокот на епидемијата во Јапонија се потврдени вкупно 37.401 случаи на Ковид-19, а вкупниот број на починати изнесува 1.024. (МИА)

Коронавирус