вторник, 20. октомври 2020. Вести денес: 13
home Вести

Рекордно ниво на невработеност во САД поради коронавирусот

Рекордно ниво на невработеност во САД поради коронавирусот

Барањата за бенефиции на отпуштените од работа во Соединетите Американски Држави поради ширењето на пандемијата на коронавирусот се зголемени, особено за работниците во хотелиерството и угостителската индустрија, соопшти Министерството за труд.

За една недела, заклучно со 14 март, првичниот број на невработени се искачи од 70.000 на 281.000, што е највисоко ниво од септември 2017 година.

Како што пренесуваат светските агенции, економистите очекуваа  да дојде до тоа, но, сепак, тоа беше многу повеќе од нивната прогноза.

„Зголемувањето на невработеноста е јасна последица на ефектите од вирусот Ковид -19“, соопшти Министерството за труд, додавајќи дека „многу држави пријавуваат зголемување на бројот на технолошки вишок во секторот на услуги, особено во хотелиерството и угостителството, како и во транспортот и магацинската дејност.

Коронавирус