сабота, 31. октомври 2020. Вести денес: 0
home Вести

Рекордно ниски летни температури: Во Чешка вчера измерени минус 8,5 степени

Рекордно ниски летни температури: Во Чешка вчера измерени минус 8,5 степени

Рекордно ниска температура за крајот на летото, од минус 8,5 степени Целзиусови, беа регистрирани синоќа во областа Шумава, во јужниот дел на Чешка, соопшти Јана Гујслова, портпарол на Националната метеоролошка служба.

Таа истакна дека ноќта била рекордно студена во поголемиот дел од земјата, пренесува ТАСС.

Во цела Чешка, освен Прага, во текот на ноќта температурата беше помала од 10 степени. Во регионот околу главниот град, каде до пред неколку дена имаше големи горештини, беа измерени само 6,5 степени.

Експертите велат дека драстичните температурни колебања се должат на климатските промени во Чешка, предизвикани од глобалното затоплување. Како резултат на тоа, периодите на топлина и суша ќе бидат подолги и ќе бидат проследени со нагли заладувања.

Коронавирус