среда, 26. јуни 2019. Вести денес: 112
home Вести

Рекордни количини снег во Австрија, Германија и Чешка – Прогласени вонредни состојби

Рекордни количини снег во Австрија, Германија и Чешка – Прогласени вонредни состојби

Вонредни состојби, природни катастрофи и највисок степен на опасност од лавини се прогласени во Австрија, Германија и Чешка.

Рекордните количини снег кои паднале во четвртокот и натаму го загрозуваат секојдневието во големи делови од овие држави, а метеоролозите за крајот на оваа недела најавуваат нови врнежи.

Од викендот само во Австрија во несреќи предизвикани поради големите количини снег, животот го загубија шест лица.

Горската служба спасила девет туристи од Источна Европа кои и покрај предупредувањата за лавина се движеле надвор од обележаните патеки.

Метеоролозите во Австрија само за денес најавиле нови снежни врнежи кои ќе донесат нова покривка од над половина метар.

Туристичката заедница регистрира намалување на аранжманите за 50 проценти.

Во Германија стотина возачи останале заглавени на автопатите на југот од земјата. Според полициските соопштенија најголеми проблеми предизвикуваат товарните возила кои поради недостаток на зимска опрема го блокираат сообраќајот.

Во место југоисточно од Минхен, вчера беше прогласена состојба на природна катастрофа.

Во делови од Чешка, пак, прогласена е вонредна состојба, а затворени се и граничните премини кон Полска.

Три лица се повредени во Швајцарија, откако на висина од 1.300 метри се појавила лавина со ширина од 300 метри.