понеделник, 23. ноември 2020. Вести денес: 154
home Вести

Рекорден број починати од Ковид-19 во Русија

Рекорден број починати од Ковид-19 во Русија

Во Русија е потврден рекорден број на смртни случаи од коронавирус на дневно ниво, откако во изминатите 24 часа се регистрирани 320 починати, соопшти Центарот за борба против Ковид-19.

Досега во земјата од коронавирусот вкупно починале 26.589 луѓе.

Во изминатото деноноќие се регистрирани нови 16.550 заразени случаи, со што вкупниот број на инфицирани од почетокот на пандемијата достигна 1.547.774.

Во Русија од утре ќе биде обврзно носење на заштитни маски на места за масовно собирање, во јавниот превоз, такси возилата, лифтовите и на паркинзите, истакна директорката на надзорното тело за право на потрошувачите и благосостојба на луѓето, Ана Попова.

Владата прецизира дека местата за масовни собирања вклучуваат јавни простори во населбите и градските области, кадешто можат да се соберат повеќе од 50 луѓе.

Во некои руски градови, меѓу кои и Москва, носењето маски е веќе задолжително во јавниот превоз. (МИА)

Коронавирус