сабота, 5. декември 2020. Вести денес: 98
home Вести

Рекорден број новозаразени во Ирска за еден ден

Рекорден број новозаразени во Ирска за еден ден

Во Ирска во последните 24 часа се регистрирани 85 заразени лица со коронавирус, што претставува рекорден број на нови случаи од 22 мај, соопшти ирското Министерство за здравство.

Од почетокот на епидемијата во земјата се потврдени 26.027 заразени случаи и 1.763 починати.

– Денешните бројки покажуваат колку брзо Ковид-19 може да „воскресне“ во некоја земја. Во текот на следните денови е од големо значење луѓето да продолжат да избегнуваат масовни собирања, да одржуваат физичка дистанца, да носат маски и редовно да мијат раце, истакна ирскиот лекар Ронан Глин, додавајќи дека сега е клучен момент за одговор на коронавирусот.

Според него, „Ковид-19 е исклучително заразен и никој не е имун, затоа треба да се следат советите на здравствените работници и да се биде внимателен“.

Главниот ирски епидемиолог Филип Нолан укажа дека Ирска за само два дена од релативно стабилна епидемиолошка ситуација се случи да забележи значаен број на заразени лица.

Коронавирус