четврток, 28. октомври 2021. Вести денес: 101
home Вести

Рекорден број на убиства во Мексико

Рекорден број на убиства во Мексико

Во Мексико минатата година извршени се 34.582 убиства, најмногу од 1997 година, кога почна да се води таква статистика, соопшти полицијата.

Тоа значи дека просечно се случувале по 95 убиства дневни или четири на час, што е за 2,5 проценти повеќе од минатата година.

Мексико брои 126 милиони жители, а проблемот со убиствата се влошува од 2006 година, кога зајакна борбата против трговијата со дрога, во која е вклучена и армијата.

Од 2006 година убиени се речиси 275.000 луѓе во Мексико.

Локални избори 2021