сабота, 4. јули 2020. Вести денес: 0
МЕГА БОМБА

Нова аудио бомба: Што мисли Заев за Црвенковски и колку е Заев богат?

home Вести

Рекорден број на починати од коронавирус за еден ден во Бразил

Рекорден број на починати од коронавирус за еден ден во Бразил

Во Бразил е регистриран уште еден рекорден број на починати лица во еден ден, соопшти бразилското министерство за здравје.

Епидемијата не покажува значи на слабеење во оваа најголема земја во Латинска Америка во која во последните 24 часа се потврдени нови 28.936 позитивни лица на Ковид-19 и 1.262 смртни случаи.

До сега вкупниот број на заболени во Бразил е 555.383 лица и 31.199 смртни случаи.

Оваа земја се најде на второто место во светот (зад САД) по бројот на заболени од коронавирус.

Светската здравствена организација изрази загриженост за Централна и Јужна Америка поради брзиот раст на бројот на заразени од коронавирус.

Парламентарни избори 2020