понеделник, 25. јануари 2021. Вести денес: 171
home Вести

Рекорден број на новозаразени во Чешка, во болниците се примаат само итни случаи

Рекорден број на новозаразени во Чешка, во болниците се примаат само итни случаи

Чешка евидентираше рекорден дневен број од 16.939 лица заразени со коронавирус во последните 24 часа, соопшти денеска Министерството за здравство.

Оваа централноевропска земја со 10,7 милиони жители е една од најтешко погодените во Европа според бројот на жители, со досега регистрирани вкупно 718.661 случаи.

Досега се регистрирани вкупно 11.580 смртни случаи, 151 повеќе од претходниот ден. Некои од новите смртни случаи беа додадени во средата, а други во претходните денови.

Земјата малку ги олесни мерките во однос на водење бизнис во ноември, но повторно мораше да ги заостри овој месец.

Министерството за здравство вчера им нареди на болниците да го прекинат приемот на пациенти за закажани операции и да го зголемат капацитетот за пациенти заразени со коронавирус, вклучително и единиците за интензивна нега. Вчера, бројот на хоспитализирани лица со Ковид-19 беше 5.893, вклучително и 845 лица на единиците за интензивна нега.

Коронавирус