понеделник, 28. септември 2020. Вести денес: 33
home Вести

Редок пингвин претепен до смрт во Нов Зеланд

Редок пингвин претепен до смрт во Нов Зеланд

Новозеландски конзерватори изразија вознемиреност откако најмалку еден син пингвин е претепан до смрт, а неколку други биле украдени во една ноќна акција на ловокрадци.

Државниот Оддел за конзервација соопшти дека се загрижени за потенцијалниот шверц на мали сини пингвини (корора), кои важат за најмалите од својот вид. Кражбата се случила во градот Напир.

Пингвините, кои достигнуваат тежина од само околу еден килограм и висина до 30 сантиметри, се заштитен вид. Престапниците би можеле да се соочат со две години затвор и парична казна од 100.000 новозеландски долари (68.495 американски долари).

Надлежните соопштија дека кражбата ја извеле професионалци кои добро ја проучиле природата на овие ретки животни.

Коронавирус