недела, 1. ноември 2020. Вести денес: 0
home Вести

Речиси третина Американци мора да останат дома поради Ковид-19

Речиси третина Американци мора да останат дома поради Ковид-19

Откако  Охајо и Луизијана им се придружија во неделата  на државите кои веќе наметнаа строги ограничувања на движењето на граѓаните, на речиси секој трет Американец му е наредено да остане во својот дом за да се забави ширењето на пандемијата со Ковид-19.

Охајо и Луизијана на тој начин им се придружија на државите Њујорк, Калифорнија, Илиноис, Конектикат и Њу Џерси, каде живеат 100 милиони Американци.

Досега се пријавени над 33.000 случаи на заразени во САД, а повеќе од 400 починаа од Ковид-19.

Охајо има 351 случаи на зараза со три смртни случаи, додека во Луизијана, 837 случаи и 20 починати од Ковид-19, од кои неколку во дом за нега на стари лица.

Коронавирус