сабота, 28. март 2020. Вести денес: 19
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Вести

Речиси половина од вработените владини службеници во Иран се во домашна изолација

Речиси половина од вработените владини службеници во Иран се во домашна изолација

Иранскиот претседател Хасан Рохани денеска изјави дека речиси половина од сите владини службеници останале дома како дел од мерките за борба против ширењето на епидемијата на коронавирусот, јави државната телевизија.

Иран е една од земјите кои се најтешко погодени од Ковид-19 заедно со Италија, Кина и Шпанија.

Властите сопштија денеска за 122 смртни случаи од Ковид-19, и според официјалните бројки, бројката на починати сега е 1.934.

Според портпаролот на Министерството за здравство, потврдени се 1.762 нови инфекции – дневен рекорд – во изминатите 24 часа. Во Иран има вкупно 24.811 заразени.

Како друга мерка за спречување на епидемијата, властите одлучија дека привременото ослободување на затворениците ќе биде продолжено до 18 април