среда, 1. декември 2021. Вести денес: 21
home Вести

Речиси 200 илјади Сиријци се вратиле во татковината од Турција

Речиси 200 илјади Сиријци се вратиле во татковината од Турција

Околу 200.000 Сиријци мигранти се вратиле во државата по престој во Турција. Тоа го изјави Атај Услу,  пратеник на владејачката Партија на правдата и развојот  и претседател на Комисија за миграција и адаптација при турскиот Парламент.

Според него, се очекува вкупно околу 60-70 отсто од Сиријците кои се во Труција да се вратат во својата татковина. Тој додаде дека политиката на Турција кон сириските мигранти е насочена кон тоа прво да биде гарантиран мир во Сирија и тие да може да се вратат мирно во домовите од кои биле прогонети за ради војната.

Најголем број Сиријци се вратиле дома во регионите Џераблус, Африн и Ал Баб кои се прочистени од терористите во операцијата на турската армија.

МИА

Коронавирус