среда, 25. ноември 2020. Вести денес: 5
home Вести

Речиси 12.000 новозаболени за еден ден во Чешка, се очекува заострување на мерките

Речиси 12.000 новозаболени за еден ден во Чешка, се очекува заострување на мерките

Во Чешка се очекува вонредно заострување на мерките за сузбивање на коронавирусот откако вчера е забележан нов рекорд од 11.984 заболени од вирусот додека починале 42 лица.

Само во последните неколку недели во Чешка се откриени над 64.000 новозаболени, а од почетокот на епидемијата заболени се вкупно 193.946 лица.

Ден со рекорден број на починати лица бил понеделникот кога за 24 часа животот го загубиле 97 пациенти позитивни на вирусот.

Коронавирус