петок, 22. јануари 2021. Вести денес: 0
home Вести

Речиси 100.000 Израелци вакцинирани за еден ден

Речиси 100.000 Израелци вакцинирани за еден ден

Речиси 100.000 Израелци се вакцинирани за еден ден, што е нов дневен рекорд од почетокот на вакцинацијата против коронавирусот во таа земја, на 20 декември, соопшти денеска Министерството за здравство.

Досега се вакцинирани вкупно 379.000 лица, а министерот за здравство Јули Еделштајн ги пофали здравствените работници и сите задолжени за вакцинирање, како и јавноста што одговори на кампањата.

Еделштајн најави дека вакцинацијата ќе биде забрзана, а Израел сега е прв во светот според бројот на вакцинирани по глава на жител, малку пред Бахреин, но далеку во споредба со другите земји во светот.

Во неделата се вакцинирани речиси 100.000 луѓе, а евидентирани се речиси 3.500 нови случаи на инфекција, и уште 784 утрово, така што бројот на активни случаи се зголеми на речиси 35.600, а бројот на смртни случаи на 3.226.

Целта на Израел е да вакцинира 150.000 луѓе на ден, а премиерот Бенјамин Нетанјаху во саботата изјави дека се надева дека повеќе од два милиона Израелци ќе бидат вакцинирани до крајот на јануари, јавуваат израелските медиуми.

Коронавирус