петок, 15. ноември 2019. Вести денес: 63
home Вести

Разнесен цел остров со 36 тони бомби: Џихадистите се обиделе да се скријат, но од ова нема спас… (ВИДЕО)

Разнесен цел остров со 36 тони бомби: Џихадистите се обиделе да се скријат, но од ова нема спас… (ВИДЕО)

Остров во Ирак на кој прибежиште нашле терористите на Исламска држава беше уништен во вторникот вечерта со речиси 36 тона бомби исфрлени од американските и сојузничките воени авиони, пренесува „Брејтбарт“.

Драматичните воздушни снимки покажуваат повеќе експлозии додека бомби паѓаа врз островот Канус проследени со огромни облаци во форма на печурки над реката Тигар.

Американските „Ф-15 страјк игл“и „Ф-35А лајтнинг II“ летаа заедно со авионите на ирачкото воздухопловството за да ја уништат целта во провинцијата Саладин во операција за уништување на голем терористички транзитен центар од Сирија и од пустината Јазеира во Мосул, Махмур и Киркук во Ира.

Островот Канус е во близина на оперативната база на САД во Кајајара.

 

Исто така, објавено е и видео на кое се гледа бомбардирањето на островот на реката Тигар кој е „заразен од Исламската држава“. Како што пренесуваат западните медиуми, операцијата е замислена за бунтовниците да не се скријат во густата вегетација на островот.

„Ние им ја ограничуваме можноста на терористите на Исламската држава да се сокријат на островот Канус“, изјави генерал мајор Ерик Т. Хил, командант на Заедничката оперативна група за специјални операции.

Иако една од најозлогласените терористички организации на сите времиња официјално е поразена во оваа држава, сепак има помали ќелии на Исламската држава кои и натаму изведуваат бомбашки напади во Ирак.