сабота, 23. септември 2023. Вести денес: 47
home Вести

Разбиена меѓународна мрежа за шверц на антиквитети

Разбиена меѓународна мрежа за шверц на антиквитети

Италијанската полиција во соработка со полициските служби на неколку европски земји, разби меѓунардна мрежа за шверц на антиквитети, при што се уапсени 23 лица.

Како што јави ДПА, покрај во Италија, припадници на шверцерската мрежа биле уапсени и во Велика Британија, Германија и Шпанија.

При операцијата се запленети над 3.000 артефакти, чија вкупна вредност е проценета на над 20 милиони евра.

Најголемиот дел од антиквитетите биле обезбедени преку незаконски ископувања на археолошки локалитети на италијанскиот остров Сицилија.

Мрежата функционирала со година, а италијанската полиција ја започнала истрагата против неа уште во 2014 година.

Во спроведувањето на операцијата за апсење на осомничените шверцери на антикветите учествувале и агенциите на ЕУ – Европол и Евроџаст.

МИА