вторник, 3. август 2021. Вести денес: 169
home Вести

Раванчи: Во случај на нови санкции на ОН против Иран сите опции се отворени

Раванчи: Во случај на нови санкции на ОН против Иран сите опции се отворени

Иранскиот амбасадор во ОН, Маџид Раванчи, изјави дека верува оти ќе пропадне гласањето за резолуција на Советот за безбедност за продолжување на ембаргото за оружје на Техеран.

Тој предупреди дека тогаш ќе биде голема грешка доколку администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп повторно побара санкции на ОН против Иран.

Раванчи кажа дека со обновување на санкциите, нуклеарниот договор од 2015 година меѓу Иран и големите сили ќе престане да важи и Техеран ќе биде ослободен од сите обврски.

-Ако тоа се случи…. Сите можности за Иран ќе бидат отворени, рече амбасадорот.

Американски претставници претходно изјавија дека продолжувањето на ембаргото за оружје на Иран е приоритет за Вашингтон.

Тензиите меѓу Иран и САД ескалираа откако Трамп во 2018 година унилатерално ги повлече САД од нуклеарниот договор и повторно воведе остри санкции за Техеран. (МИА)

Коронавирус