четврток, 4. март 2021. Вести денес: 77
home Вести

Растот на кинескиот извоз во декември над очекувањата на економистите

Растот на кинескиот извоз во декември над очекувањата на економистите

Кинескиот извоз во декември пораснал над сите очекувања, покажуваат денеска објавените податоци на Царината, бидејќи нарушувањето во снабдувањето во светот предизвикано од пандемијата на коронавирусот ја зголеми побарувачката за кинески производи, иако зајакнувањето на јуанот ги поскапи странските пратки.

Силното домашно економско закрепнување минатиот месец ги зголеми и кинеските апетити за купување странски производи, покажуваат податоците за забрзан раст на увозот во однос на ноември, пренесуваат британските медиуми.

Извозот на Кина во декември порасна за 18,1 процент на годишно ниво, што е благо забавување од скокот од 21,1 процент во ноември, но ги надмина прогнозите на аналитичарите за раст од 15 проценти.

Увозот, пак, во декември порасна за 6,5 проценти на годишно ниво, надминувајќи го растот за 4,5 проценти во ноември, како и прогнозите на економистите за 5,0 проценти пораст.

На ниво на целата минатата година, кинескиот извоз се зголеми за 3,6 проценти, додека увозот падна за 1,1 процент.

Кинескиот надворешно-трговски суфицит во декември изнесуваше 78,17 милијарди долари, што е највисоко ниво од 2007 година, според компанијата за следење на финансиските перформанси „Рефинитив“.

Коронавирус