четврток, 24. јуни 2021. Вести денес: 0
home Вести

Расте рејтингот на Трамп на анкетите во САД

Расте рејтингот на Трамп на анкетите во САД

Се топи предноста на Џо Бјаден над актуелниот американски претседател Доналд Трамп во јавноста покажуваат резултатите од анкетата која ја спроведе „Ројтерс“ а се однесуваат на јавното мислење, објавени во вторникот.

Анкетата, која била спроведена на почетокот од неделава, покажува дека 43 проценти од регистрираните гласачи доколку денес се одржат претседателски избори би гласале за демократот Бајден, додека 41 отсто поддршката би му ја дале на Трамп.

Неизвесноста за тоа кој би победил станува се поголема доколку се земат предвид ваквите тесни резултати но и евентуална статистичка грешка која во овој случај би изнесувала од плус или минус 3 процентни поени.

Бајден претходно водеше со 6 проценти во слична ваква анкета претходната недела, а со 8 процентни поени водеше на анкетата спроведена во периодот од 15. до 21. април.

Поранешниот потпретседател беше присилен да води кампања од својот дом поради ограничувањата кои се спроведуваат за спречување на ширењето на корона вирусот во земјата од кој починаа над 70 илјади лица, а 30 милиони работници останаа без своите работни места.

Спротивно на тоа, Трамп се постави на чело на американскиот одговор на пандемијата со редовни брифинзи од Белата куќа кои ги одржуваше до неодамна.

Според анкетата на „Ројтерс“ поголем дел од американците сметаат дека Трамп може да допринесе повеќе во однос на отворањето нови работни места.

Дури 37 отсто од испитаниците сметаат дека Трамп треба да ја има водечката позиција во борбата со корона вирусот, додека 35 проценти сметаат дека на ова место треба да се најде Бајден.

Анкетата е спроведена преку интернет на целата територија на САД, а на неа одговориле 1.215 возрасни Американци, вклучувајќи 1.015 кои се идентификувале како регистрирани гласачи.

ЕУРО 2020

Македонија