недела, 24. февруари 2019. Вести денес: 0
home Вести

Расте црниот биланс: 321 лице загина во земјотресот во Индонезија

Расте црниот биланс: 321 лице загина во земјотресот во Индонезија
epa06930256 Indonesian rescuers search for victims under the ruin of a collapsed house after an earthquake struck in North Lombok, West Nusa Tenggara, Indonesia, 06 August 2018. According to media reports, a 7.0 magnitude quake hit Indonesia's island of Lombok on 05 August, killing at least 91 people. EPA-EFE/STR

Бројот на загинати во земјотресот со јачина од 6,9 степени по Рихтер кој ја погоди Индонезија се искачи на 321 лице, соопштија денес официјални лица.

Националната агенција за катастрофи соопштила дека во земјотресот животот го загубиле 321 лице, додека над 270.000 биле приморани да ги напуштат своите домови.

Речиси 75 проценти од зградите се уништени во северниот дел од градот Ломбоку.

-Помош се пружа што порано можно и штом истата ќе пристигнува, изјавил портпаролот на Агенцијата додавајќи дека во помагањето се вклучени стотина волонтери.

Мобилните кујни почнале да дистрибуираат храна и вода на илјадници евакуирани лица во најпогодените области.