вторник, 20. октомври 2020. Вести денес: 0
home Вести

Расте бројот за загинати во падот на украинскиот авион – прогласен Ден на жалост

Расте бројот за загинати во падот на украинскиот авион – прогласен Ден на жалост

Бројот на загинати во падот на украинскиот воен авион во северноистрочната Харковската област порасна на 25, велат од Канцеларијата на украинскиот генерален обвинител.

„Според прелиминарните информации, 25 лица загинале, додека две се пренесени во болница во сериозна состојба“, наведува канцеларијата.

Според информациите на украинските служби за вонредни состојби, 27 лица се наоѓале во авионот, а не 28, како што порано се објави, пренесува Тас с.

Од канцеларијата информираа дека е покрената кривична постапка поради обвиненијата за кршење на правилата за безбедност на летот и припреми, кои довеле до катастрофа и други сериозни последици.

Во меѓувреме, властите во Харковската област во Украина прогласија денес национален Ден на жалост поради настраданите во падот на авионот Ан-16.

Во уредбата на гувернерот, објавена на веб-страницата на администрацијата, се вели дека на Денот на жалост, националното знаме ќе се спушти на половина копје на сите згради на државните органи, компании, агенции и организации и дека ќе им биде поставена лента за жалост.

Сите забавни и спортски настани би требало, според препораките, да бидат откажани.

Коронавирус