сабота, 21. септември 2019. Вести денес: 48
home Вести

Расте бројот на жртви во ураганот Доријан: Се е поплавено, се трага по преживеани (ВИДЕО)

Расте бројот на жртви во ураганот Доријан: Се е поплавено, се трага по преживеани (ВИДЕО)

Најмалку 20 лица загинаа во ураганот Дориан на Бахамите, соопшти денеска министерот за здравство на островот, Дуане Сандс.

Потрагата по преживеани во поплавените домови штотуку започна и тој стравува дека бројот на загинатите ќе биде поголем.

Карипскиот архипелаг од 700 острови беше погоден од екстремно силни ветрови и бранови повисоки од куќите.

Дориан стигна до југоисточниот брег на САД и се наоѓа на 170 километри јужно од Чарлстон, Јужна Каролина.

Американските метеоролози соопштија дека ураганот е од категорија три на скала од пет, со налети од ветер од 185 километри на час.