сабота, 15. август 2020. Вести денес: 3
home Вести

Расте бројот на жртви од ерупцијата на вулканот: 8 починати, 23 со изгореници опасни по живот, 9 исчезнати

Расте бројот на жртви од ерупцијата на вулканот: 8 починати, 23 со изгореници опасни по живот, 9 исчезнати

Полицијата на Нов Зеланд денеска соопшти дека уште две лица починале од здобиените повреди при ерупцијата на вулканот на Белиот Остров, со што бројот на жртви се искачи на осум.

Починатите лица се лекувале во болници во Окланд и во Хамилтон.

Девет луѓе се водат како исчезнати, а полицијата ги идентификува како седум туристи од Австралија и двајца туристички водичи од Нов Зеланд.

Според полицијата исчезнатите најверојатно се во вулканот, но спасувачките екипи не можат да стигнат до нив бидејќи вулканот се уште е активен и е премногу опасно.

Уште 28 лица се хоспитализирани, од кои 23 се здобија со изгореници опасни по живот.

Вулканот еруптираше во понеделникот додека групи туристи беа на островот.

Коронавирус