среда, 2. декември 2020. Вести денес: 158
home Вести

Расте бројот на жртви на топлото време во Јапонија

Расте бројот на жртви на топлото време во Јапонија

Најмалку 80 лица до сега починаа како резултат на жешкиот бран што ја зафати Јапонија во последните неколку недели.

До сега се хоспитализирани околу 35 илјади луѓе кои се пожалиле на последици поврзани со рекордно високите температури во последните три недели.

Изминатата недела просечните температури во земјата изнесуваа повеќе од 35 степени Целзиусови во сенка, во големите градови изнесуваа од 35 до 40 степени, а влажноста била над 80 проценти.

МИА

Коронавирус