четврток, 3. декември 2020. Вести денес: 0
home Вести

Расте бројот на заразени и починати лица од коронавирус во Германија

Расте бројот на заразени и починати лица од коронавирус во Германија

Во Германија бројот на потврдени случаи на коронавирус е зголемен за 1.144 на вкупно 156.337, покажуваат денешните податоци на Институтот за заразни болести.

Бројот на починати лица од коронавирус во Германија е вкупно 5.913.

Институтот за заразни болести предупреди дека повторно расте таканаречениот број на репродукција на вирусот, кој повторно е на вредност од 1, што значи дека еден заболен во просек заразува најмалку едно лице.

Тој фактор досега властите секогаш го наведувале како еден од најважните во одлучување за попуштање на мерките.

Според проценките во Германија околу 114.000 лица се водат за излечени од Ковид-19.

Коронавирус