петок, 5. јуни 2020. Вести денес: 13
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Вести

Расте бројот на загинати по силниот земјотрес на Филипините

Расте бројот на загинати по силниот земјотрес на Филипините

Бројот на загинати во вчерашниот земјотрес на Филипините се зголеми на петмина со десетици повредени, соопштија локалните власати.

Јужниот дел на Филипините синоќа го погоди земјотрес со јачина од 6,3 степени кој предизвика лизгање на земјиште и пожар во трговски центар.

Силниот земјотрес околу 19:30 часот по локално време го потресе Северен Котабато и околните провинции, соопшти Филипинскиот институт за вулканологија и сеизмологија.

Околу пет часот утрово, друг земјотрес со јачина од 5,3 степени ја погоди провинцијата Давао Ориентал. Институтот соопшти дека не се работи за афтершок и засега нема пријавени штети.

Синоќешниот земјотрес ги натера луѓето да избегаат од трговските центри и зградите, а болничките пациенти беа евакуирани на улици.

Во градот Магзесеј во Давао дел Сур, каде беа оштетени повеќето куќи, двегодишно  девојче починало откако додека спиело врз неа паднале разни предмети, соопштија локалните власти. Други мајка и дете загинале кога нивната куќа била затрупана во свлечиште предизвикано од земјотресот.

Локален функционер информира дека седумгодишно девојче од градот Дату Паглас во Магуинданао загинало откако врз неа се урнал ѕид. И во градот М’ланг во Котобато, еден човек починал од срцев удар како резултат од шок и бил прогласен за мртов откако бил донесен во болница.

Пожар избувна во трговски центар во Генерал Сантос Сити веднаш откако земјотресот уништил три ката, но купувачите и вработените успеале да избегаат од пожарот, соопшти цивилната одбрана.

Коронавирус