среда, 28. октомври 2020. Вести денес: 158
home Вести

Расте бројот на новозарзени со корона вирус во Италија, денеска рекорден број на нови случаи

Расте бројот на новозарзени со корона вирус во Италија, денеска рекорден број на нови случаи

Во Италија во изминатите 24 часа се регистрирани 10.010 нови случаи на коронавирус, што е најголем дневен биланс на новозаразени од почетокот на епидемијата.

Истовремено од последици на инфекцијата починале 55 лица, соопшти италијанското Министерство за здравство.

Италија има втора најголема стапка на смртност од Ковид-19 во Европа, по Велика Британија. Од почетокот на пандемијата во февруари починале 36.427 луѓе.

Гувернерот на италијанскиот регион Кампанија, Винченцо де Лука планира да воведе полициски час во текот на ноќта на 31 октомври со цел да го спречи ширењето на коронавирусот на забавите за време на празникот Ноќ на вештерките, кој го нараче „огромна американска глупост“.

Де Лука напиша денеска на својот фејсбук-профил дека полицискиот час ќе почне во 22 часот таа ноќ.

– Ноќта на вештерките е огромна глупост. Огромна американска глупост, која ја увезовме во нашата земја, напиша Де Лука.

Коронавирус