среда, 24. февруари 2021. Вести денес: 146
home Вести

Расте бројот на новозаразени со корона вирус во Кина

Расте бројот на новозаразени со корона вирус во Кина

Во Кина се потврдени 144 нови случаи на заразени со коронавирусот во изминатите 24 часа, што е највисок дневен биланс од 1 март минатата година, објави Националната здравствена комисија.

Од 126 нови локални инфекции, најмногу имало во провинцијата Хејлоџијанг – 69 и во Џилин 33.

Бројот на асимптоматски случаи, што Кина не ги класифицира како група на луѓе кои страдаат од ковид, се искачи на 113 во споредба со 58 претходниот ден.

Вкупниот број на лица заразени со Ковид-19 во Кина е 88.701, а бројот на смртни случаи остана непроменет – 4.635.

Коронавирус