четврток, 13. август 2020. Вести денес: 157
home Вести

Расте бројот на невработени поради корона кризата, бројката енормно голема

Расте бројот на невработени поради корона кризата, бројката енормно голема

Научниците ги пресметаа економските последици од коронавирусот.

Австралиското истражувачко собрание ARC финансира огромна меѓународна студија за влијанието на пандемијата врз глобалната економија, во која се вклучија бројни научници од целиот свет под водство ја Универзитетот на Сиднеј.

Студијата објавена во списанието PLOS ONE покажува дека КОВИД-19 предизвикал штета од дури 3,8 трилиони долари и довел до бројка од 147 милиони невработени луѓе.

Најпогодена е индустријата за транспорт, а големи последици трпат и секторите трговија, туризам, енергија и финансии, особено во Азија, Европа и во САД.

Студијата укажува на тоа дека единствената позитивна страна на пандемијата се одразила на околината, па затоа дојде до најголемиот пад на емисијата на стакленички гасови во историјата на човештвото.

Околу 2,1 трилион долари се загуби од неисплатување плати, а 536 милијарди долари се загуби настанати поради падот на меѓународната трговија.

Глобалната економска ситуација  ќе се одрази на квантитетот и на квалитетот на извршената работа, како и на ранливите групи вработени како што се мигрантите и неквалификуваните работници.

Во светот има над 13 милиони заразени.

Коронавирус