вторник, 20. април 2021. Вести денес: 69
Во живо

Протест на угостителите и туристичките агенции

home Вести

Расте бројот на настрадани во поплавите во Индонезија

Расте бројот на настрадани во поплавите во Индонезија

Бројот на загинати во главниот град на Индонезија се зголеми на 53, а речиси 175.000 евакуирани лица сè уште не се во можност да се вратат во своите домови, соопштија денеска индонезиските власти.

– Бројот на загинати се зголеми на 53, а едно лице се води како исчезнато, рече портпаролот на Агенцијата за ублажување катастрофи Аџус Вибово.

Монсунските дождови и надојдените реки поплавија најмалку 182 населби во Џакарта и предизвикаа лизгање на земјиштето на периферијата на градот.

Коронавирус