вторник, 1. декември 2020. Вести денес: 4
home Вести

Ранет е, но сепак ѝ побегна на полицијата: Ова е напаѓачот од Стразбур

Ранет е, но сепак ѝ побегна на полицијата: Ова е напаѓачот од Стразбур

29-годишниот напаѓач, кој околу 20 часот вчера почна да пука среде традиционалниот Божикен саем во центарот на Стразбур, Франција, се наоѓал на листа под надзор на сигурносните служби.

Се работи за Шериф Шекат, роден 1989 година во Стразбур, осуден криминалец и лице означено како закана за националната сигурност. Во неговото досие се запишани и две казнени дела „грабеж“, а министерот за внатрешни работи на Франција го опишал како „обичен крадец“. Извор близок на истрагата за „Дејли мејл“ открил дека напаѓачот во 2011 година бил осуден на две години затвор за напад на 16-годишна девојка со нож.

„Франс24“ додава дека е под истрага за обид за убиство, а полицијата испитува пет лица за поврзаност со нападот.

Пред нападот, во вторникот наутро, полицијата му дошла на врата со намера да го уапси поради сомнение дека учествувал во вооружен грабеж. Тој во моментот не бил дома, и најверојатно веќе се дал во бегство, а како што пренесува „Јутарњи лист“, меѓу неговите лични работи била пронајдена бомба.

Француските власти открија дека мажот ѝ бил добро познат на сигурносните служби.

Државниот секретар на француското Министерство за внатрешни работи, Лоран Нуњез, истакна дека напаѓачот би можел на побегне во соседна Германија. Според него, напаѓачот е идентификуван како осомничен екстремист, кој издржувал затворска казна, но засега не е познат мотивот за нападот.

Во вчерашниот напад загинаа три лица, а 13 се повредени, од кои осуммина потешко. Полицијата ноќта успеа да стигне до напаѓачот и тој е ранет во вкрстениот оган, но успеал да побегне со такси возило, кое го украл.

Коронавирус