вторник, 27. октомври 2020. Вести денес: 0
home Вести

Ракетни напади на Ерменија врз хидроцентрала и градот Гања во Азербејџан

Ракетни напади на Ерменија врз хидроцентрала и градот Гања во Азербејџан

Ракетни напади на Ерменија врз хидроцентрала и градот Гања во Азербејџан
Државното обвинителство на Азербејџан денеска соопшти дека ерменските вооружени сили извршиле ракетен напад врз хидроцентралата Мингачевир на територијата на нивната држава.

Хидроцентралата е оддалечена околу стотина километри од зоната на конфликтот.

Во соопштението се наведува дека азербејџанската противракетна одбрана успеала да ги идентификува, пресретне и уништи ерменските ракети пред да ја погодат целта.

Тасс јавува дека токму оваа хидроцентрала е од клучно значење за снабдувањето со електрична енергија на граѓаните на Азербејџан, а нејзината безбедност е од примарно значење за националната безбедност на земјата.

Според експертите, доколку се уништеше браната на акумулацијата на хидроцентралата Мингачевир, голем дел од територијата на Азербејџан ќе беше поплавен.

Гања, вториот по големина град во Азербејџан, исто така, ноќеска бил цел на ракетен напад од територијата на Ерменија, соопшти азербејџанското Министерство за одбрана, додавајќи дека во него загинаа седум цивили, додека 33 се повредени, а голем број цивилни инфраструктурни објекти се оштетени.

Коронавирус