вторник, 15. октомври 2019. Вести денес: 0
home Вести

Рајанер планира да укине 500 до 700 работни места

Рајанер планира да укине 500 до 700 работни места

Нискобуџетната ирска авиокомпанија „Рајанер“ планира да укине 500 до 700 работни места, најави денеска извршниот директор Мајкл О`Лири.

– „Рајанер“ има повеќе од 500 пилоти, рече О`Лири, истакнувајќи дека планира да укине од 500 до 700 работни места, меѓу кои и неколку во седиштето на компанијата во Даблин.

Тој додаде дека на некои работници им е понудено неплатено отсуство од 12 месеци, додека други може да започнат да добиваат известување за отказ веќе од следната недела.

„Рајанер“ во Европа вработува околу 17.000 работници, а управата во јули предупреди дека може да укине дури 900 работни места.

Во изминатите две години цената на акциите на „Рајанер“ е речиси преполовена поради низа судири со синдикатите и доцнење на летовите поради приземјувањето на Боинг 737.

О`Лири во февруари најави дека ќе остане уште пет години во најголемата европска нискобуџетна авиокомпанија. Компанијата ја води 25 години.