вторник, 22. јуни 2021. Вести денес: 22
home Вести

Работата на Бајден во првите денови од мандатот ја одобруваат 61 отсто од Американците

Работата на Бајден во првите денови од мандатот ја одобруваат 61 отсто од Американците

Две седмици по започнувањето со работа на новата администрација, повеќето Американци велат дека имаат барем одредена доверба во американскиот претседател Џо Бајден и неговата способност да управува со многуте кризи во нацијата, вклучително и пандемијата на коронавирус.

Вкупно, 61 процент ги одобрува постапките на Бајден во првите денови како претседател на САД, покажува новата анкета на Асошиејтед прес-НОРК.

Иако најголемиот дел од поддршката на Бајден доаѓа од колегите демократи, околу една четвртина од републиканците велат дека ги одобруваат неговите први денови како претседател.

Околу три четвртини од Американците изјавија дека имаат барем одредена доверба во способноста на Бајден да се справи со пандемијата, додека околу една четвртина немаат доверба во него.

Приближно четири од 10 лица велат дека имаат голема доверба во Бајден во врска со кое било прашање од анкетата.

Околу две третини од Американците посочуваат дека имаат барем одредена доверба во способноста на Бајден да ги реши економските проблеми и работните места.

Тој ужива слична доверба и кога се во прашање здравството, расните односи и климатските промени.

ЕУРО 2020

Македонија