петок, 23. октомври 2020. Вести денес: 124
home Вести

Путин предлага самит на петте постојани членки на СБ на ОН

Путин предлага самит на петте постојани членки на СБ на ОН

Рускиот претседател Владимир Путин ги повика лидерите на петте постојани земји членки на Советот за безбедност на ОН да се договорат за организирање самит што треба да се фокусира на горливите светски проблеми што е можно поскоро.

Путин тој повик го испраќа во написот објавен на англиски јазик во американското списание за меѓународни односи, Национален интерес, во кој ги анализирал настаните од Втората светска војна.

Анализата на Путин е објавена пред парадата закажана за следната недела на Црвениот плоштад во Москва за одбележување на 75-годишнината од победата на Советскиот Сојуз над нацистичка Германија.

„Денес, исто како и во 1945 година, важно е да се покаже политичка волја и да се дискутира заедно за иднината“, напиша рускиот претседател.

Тој предлага самитот да се одржи во јануари, а четири земји членки на Советот за безбедност на ОН, САД, Кина, Франција и Велика Британија, во принцип потврдија дека се согласуваат.

Москва се надева дека самитот би можел да биде организиран кога стравот од коронавирусот ќе се смири. Москва објави дека самитот ќе биде посветен на глобалната економија, безбедноста, контролата на оружјето, екстремизмот, компјутерската безбедност и климатските промени, а Путин најави дека Русија ќе ги претстави своите идеи и иницијативи на сите тие теми.

„Потпирајќи се на заедничка историска меморија, можеме и мораме да веруваме едни на други. Тоа ќе биде цврста основа за успешни преговори и насочена акција во корист на обезбедување … стабилност и безбедност за целата планета“, напиша Путин.

Коронавирус