сабота, 26. септември 2020. Вести денес: 75
home Вести

Путин одново го предложи Медведев за руски премиер

Путин одново го предложи Медведев за руски премиер

Рускиот претседател Владимир Путин, кој денеска положи заклетва за почеток на неговиот нов мандат, попладнево го предложи актулениот премиер Дмитриј Медведев за мандатар за состав на новата влада на Русија.

Медведев, кој е претседател на Владата од 2012 година, претходно поднесе оставка согласно уставната процедура.

Кандидатурата на Медведев за премиер треба да биде одобрена од државната Дума, (Долниот дом на рускиот Парламент).

Путин денеска положи свечена заклетва за четврт претседателски мандат и со што тој ќе управува со земјата и во следните шест години.

МИА

Коронавирус