понеделник, 25. јануари 2021. Вести денес: 149
home Вести

Путин направи чистка: Разреши повеќе од 10 генерали

Путин направи чистка: Разреши повеќе од 10 генерали

Рускиот претседател, Владимир Путин, потпиша указ за отпуштање од служба повеќе од 10 генерали од Рускиот истражен комитет, како и од Министерството за внатрешни работи и Министерството за вонредни ситуации.

Како што пренесе агенцијата ТАСС, во декретот се наведува дека меѓу отпуштените генерали е и полицискиот генерал, мајор Александар Мељников, кој е во предистражен притвор поради обвиненија за корупција.

Путин разреши шест генерали од Министерството за вонредни ситуации, четворица од Министерството за внатрешни работи и еден генерал од Истражниот комитет, додава русрака агенција, без детали за причините за нивното разрешување.

Коронавирус