четврток, 28. септември 2023. Вести денес: 117
home Вести

Путин и Трамп денеска ќе се сретнат во руски замок

Путин и Трамп денеска ќе се сретнат во руски замок

Самитот меѓу американскиот и рускиот претседател Доналд Трамп и Владимир Путин денеска ќе се одржи во финската Претседателска палата.

Се работи за палата направена во 19. век со поглед на Балтичкото море, кое е своевремено било резиденција на руските цареви во Финска. Како домаќин на состанокот, финскиот претседател Саили Нинисте ќе има билатерални средби со двајцата гости.

Пред самитот тој официјално ќе ги поздрави Путин и Трамп.

Билатералните разговори меѓу двајцата лидери ќе се одржат во Готската сала во Претседателската палата по што Салата на огледала ќе се приреди работен ручек со повеќе членови на делегациите.

Шефовите на дипломатијата на двете земји – Сергеј Лавров и Мајк Помпео – исто така ќе имаат билатерална средба. Предвидено е, за време на попладнето, Трамп и Путин да одржат заедничка конференција за медиумите.

Трамп веќе пристигна во Хелсинки, каде што изјави дека односите меѓу Вашингтон и Москва никогаш не биле полоши.

-Нашиот однос со РУсија никогаш не бил полош благодарениа на повеќегодишната глупавост на САД, а сега и со наместениот лов на вештерки, напиша Трамп на Твитер.

Тој денеска на Твитер повторно го обвини својот претходник Барак Обама дека ништо не направил за да го спречи мешањето на РУсија во изборниот процес во 2016. година, кога претседателот на САД ја победи кандидатката на демократите, Хилари Клинтон.

Исто така, на Твитер рече дека неговиот денешен состанок со Путин ќе помине добро.

 

Лидерите на двете суперсили имаат многу теми на разговор – ситуацијата на Блискиот исток, пред се Сирија, но и улогата на Иран, потоа Украина, каде истокот на земјата го контролираат проруските сили, а тука се и западните санкции кон Русија воведени по анексијата на Крим, наводното руско мешање во американските избори, како и состојбата во која се наоѓаат нуклеарните договори.

Самитот во Хелсинки ќе биде четврта средба меѓу претседателите Трамп и Путин од инаугурацијата на американскиот претседател во јануари 2017.