вторник, 1. декември 2020. Вести денес: 5
home Вести

Путин и Ердоган на состанок за Сирија во Москва

Путин и Ердоган на состанок за Сирија во Москва

Рускиот и турскиот претседател Владимир Путин и Реџеп Таип Ердоган денеска во Москва ќе разговараат за решавање на кризата во сириската провинција Идлиб, која ескалираше минатата недела по смртта на 33 турски војници во воздушни напади од страна на сириските владини сили.

Претходно, Ердоган изрази очекување дека по денешната средба ќе биде објавен прекин на огнот во Идлиб.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, вчера изјави дека Москва се надева оти Путин и Ердоган на состанокот ќе успеат да се договорат за сет мерки за решавање на кризата во Идлиб, јави агенцијата „Тасс“.

Турските медиуми објавија дека Турција ќе бара сириските владини сили да престанат да ги враќаат териториите во Идлиб, кои се во рацете на бунтовниците.

„Анкара смета дека тој услов е важен за стопирање на хуманитарната катастрофа и спречувањето на нов бран бегалци“, соопштија турските медиуми.

Конфликтот во регионот Идлиб, кој остави раселени речиси милион луѓе, деновиве се засили меѓу сојузничките бунтовници од една страна и сириските владини сили поддржани од Москва и Техеран од друга страна.

Коронавирус