понеделник, 30. март 2020. Вести денес: 69
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Вести

Пумпа на базен ја вшмукала малата Алиса, 15-те минути се борела под вода, па починала

Пумпа на базен ја вшмукала малата Алиса, 15-те минути се борела под вода, па починала

Црна дамка фрла стравотна несреќа што се случила минатата недела во летувалиштето Бодрум кога базенска пумпа ја вшмукала 12-годишната Алиса, која починала од последиците од повредата и 15-минутното задржување под вода.

Таткото на Алиса Адамова од Русија и останатите гости безуспешно се обидувале да помогнат да ги извадат децата од цевката, а проблемот бил што вработените не знаеле како се исклучува пумпата. Детето се давело 15 минути, додека да најдат каде се исклучува пумпата. Додека да пристигне брзата помош, со вештачко дишење се обидувале да го повратат девојчето, но во тоа успеала брзата помош. Девојчето било хоспитализирано, но поради големо оштетување на организмот починало 11 дена подоцна во болница.

Хоророт се случил на 18 август, во хотелот „Санхил“ а гостите на базенот велат дека во тој момент немало спасувач на базенот.

Панично ги довикувавме вработените да ја исклучат пумпата, но никој не се одзва, раскажал потресен еден од очевидците.

Раката ѝ била заглавена во цевката, па детето беше заробено под вода. Им требаше 10 минути за да ја исклучат, но ни тогаш не успеавме да ја извлечеме, вели очевидец кој исто така нагласува дека треба да се избегнува овој хотел поради „неспособните вработени’“.

Мајката на Алиса вели дека требало седум лица за да ја искршат цевката и да ја извлечат Алиса.