четврток, 13. мај 2021. Вести денес: 123
home Вести

Пукање во ноќен клуб: Една девојка загина, 7 лица повредени

Пукање во ноќен клуб: Една девојка загина, 7 лица повредени

Една 21-годишна девојка е убиена, а седум лица се повредени синоќа во инцидент со пукање во ноќен клуб во Далас, соопшти полицијата.

Полицијата добила повик за пукање во ноќниот клуб „Прајм“ во 1.30 часот по локално време, пренесува локалниот огранок на Ен-Би-Си.

Полицијата соопшти дека на местото на настанот открила шест лица со прострелни рани, а подоцна во блиските болници се појавиле уште две жртви.

Како што е наведено, полицијата утврдила дека дошло до конфликт помеѓу две групи луѓе во клубот, а едно лице извадило оружје и пукало.

Напаѓачот побегнал од местото и сè уште не е уапсен.

Мотивот за пукањето не е утврден и истрагата е во тек.

Коронавирус