недела, 31. јули 2022. Вести денес: 0
home Вести

Пукање во Филаделфија, има мртви

Пукање во Филаделфија, има мртви

Најмалку три лица загинаа, а повеќе од десет се повредени во престрелка во Филаделфија, соопштија тамошните власти. Пукањето се случило околу полноќ по локално време (околу шест часот наутро според нашe), а околностите за нападот се уште не се познати.

Сè уште имало „неколку активни пукачи“ кога службите за итни случаи пристигнале на местото на настанот, соопшти полицијата во Филаделфија, според ABC News.

„Кога изби пукањето, таму имаше стотици луѓе кои, како и секој викенд, уживаа во Јужната улица“, изјави инспекторот за новинарите.

Кога пристигнале, полицајците виделе маж како пука во толпа луѓе. Полицијата испукала три истрели, но не се знае дали напаѓачот бил погоден. Потоа побегнал. Засега нема уапсени.

На местото на настанот пронашле два пиштоли, меѓу кои и еден со проширен магацин. Полицијата соопшти дека најмалку 14 лица биле застрелани.

Коронавирус