четврток, 21. јануари 2021. Вести денес: 158
home Вести

Пукање во Бразил- најмалку 10 лица загинаа

Пукање во Бразил- најмалку 10 лица загинаа

Најмалку десет лица загинаа денеска во престрелка во предградието на Сао Паоло, најголемиот град во Бразил, соопшти полицијата на земјата.

Пукањето се случило меѓу припадниците на полицијата и луѓето за кои постои сомневање дека се крадци.

Полицискиот командант Марио Алвес да Силва им изјави на новинарите дека се сомневал дека најмалку 25 лица учествувале во грабежи.

Тој не прецизираше дали притоа се убиени лица за кои се сомнева дека се криминалци, но тој посочи дека ниту еден полициски службеник не бил убиен.

Снимките објавени од ТВ Глобо покажуваат скршени прозорци на филијалите на две банки.

Коронавирус