сабота, 28. март 2020. Вести денес: 22
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Вести

Пукање на Флорида, има и мртви

Пукање на Флорида, има и мртви

Две лица се убиени а уште две се ранети во пикање во саботата за време на погребна церемонија во црква во градот Ривера Бич, во американската сојузна држава Флорида, соопшти градскате полиција.

Според податоците од полицијата, престрелката се случила околи 14,35 часот според локално време, или 22,35 по македонски време.

„Петнаесетгодишно момче се здоби со прострелна рана и почина на самото место. Возрасен маж, кој исто така бил застрелан, умрел на самото место“, се додава во соопштението објавено на сајтот на полицијата на Риверa Бич.

Според истиот извор, ренети се уште една жена и тинејџерка. Вкупно биле истреални 13 куршуми, прецизира полицијата.

Полицијата не соопштува колку лица учествувале во пукањето. Не е објавено дека имало апсења во врска со инцидентот, ниту се споменуваат осомничени.Засега не е објавен ниту идентитетот на настраданите.