вторник, 15. октомври 2019. Вести денес: 0
home Вести

Пуџдемон одби да биде избран за раководната позиција на Каталонија и предложи наследник

Пуџдемон одби да биде избран за раководната позиција на Каталонија и предложи наследник

Поранешниот каталонски лидер Карлес Пуџдемон одби да биде кандидат за раководната функцијана Каталонија.

Пуџдемон го предложи за кандидат за регионален лидер Ким Тора.

Пратениците од Каталонија имаат рок до 22 мај да изберат регионален лидер. Доколку ниту еден регионален водач не биде избран до тогаш, Каталонија оди на предвремени избори.

Ким Тора (55) е член на парламентарната група Заедно за Каталонија.

Останува претседателот на каталонскиот парламент, Рожер Торент, официјално да ја покрене кандидатурата на Ким Тора, а Парламентот да го избере.

МИА