среда, 21. ноември 2018. Вести денес: 76
home Вести

Пуџдемон: Ние не сме криминалци

Пуџдемон: Ние не сме криминалци

Поранешниот претседател на каталонската регионална Влада, Карлес Пуџдемон, кој се наоѓа во притвор во Германија, порача дека не е криминалец и дека борбата за независност на Каталонија се базира на демократија и ненасилство.

– Ние не сме криминалци. Два пати победивме на избори, изјавил Пуџдемон на средба со двајца пратеници во германскиот Парламент, кои го посетија во притворот.

Пуџдемон нагласил дека кривичното дело бунт, за кое го товарат шпанските власти, подразбира употреба на сила. – Немаше насилство, значи нема ни бунт, изјавил Пуџдемон на средбата.

Германските власти минатата недела го приведоа Пуџдемон врз основа на меѓународната потреница што против него ја објави Шпанија под обвинение за бунт и поттикнување на бунт во врска со одржувањето на референдумот за отцепување и прогласувањето на независност на Каталонија.

Во тек е постапка во која германските власти го разгледуваат барањето на Мадрид за негова екстрадиција во Шпанија.