петок, 23. октомври 2020. Вести денес: 0
home Вести

Публиката врескала: Магионичар погоден во глава со самострел

Публиката врескала: Магионичар погоден во глава со самострел

Во текот на настапот на Националниот уметнички фестивал во Јужноафриканската Република, еден магионичар бил погоден со самострел во глава.

Ли Лау, чие уметничко име е One Crazy China настапувал со колегата Брендон Пил во градот Маканди, кога бил погоден во главата. Според медиумите, Пил го држел самострелот, додека Ли ја изведувал точката.

Но, во еден момент , поради технички проблем, самострелот испалил стрела и го погодил Ли во главата.

По инцидентот Ли бил однесен во болница, каде снимил видео порака до публиката дека не е повреден сериозно и дека никогаш во настапот немало опасност за повреда што би им ги загрозила животите, било неговиот или на партнерот.

Коронавирус