сабота, 28. ноември 2020. Вести денес: 0
home Вести

Првпат жена именувана на раководна функција во авганистанското МВР

Првпат жена именувана на раководна функција во авганистанското МВР

Жена првпат е именувана на раководна функција во авганистанското Министерство за внатрешни работи.

Хосна Џалил е назначена за заменик министер за политички и стратегиски прашања. По стапувањето на должност таа истакна дека со ваквиот потег е испратена порака до радикалните религиозни движења дека авганистанската Влада постигнала победа со изборот на жена во секторот „безбедност“.

Животот на Авганистанките се промени многу, откако во 2001 година падна режимот на талибанците кои забрануваа девојчињата да одат во училиште, а жените да работат. Сега правата на жените во Авганистан се загарантирани со Устав.

МИА

Коронавирус