понеделник, 18. ноември 2019. Вести денес: 87
home Вести

Првпат во речиси 70 години без Нобелова награда за литература

Првпат во речиси 70 години без Нобелова награда за литература

Овогодинешното објавување за Нобелови награди почнува на 1 октомври со лауреатот за медицина, но за првпат во речиси 70 години нема да биде доделена наградата за литература.

Шведската академија што доделува награди потресена од скандалот со сексуално вознемирување, одлучи да го одложи доделувањето на наградата за литература за една година за да има време за реформи во институцијата и да именува нови членови по оставката на неколкумина.

Нобеловата награда за литература се доделува од 1901 година и не е доделена неколкупати, првенствено во време на војната од 1914 до 1918, во 1935 и од 1940 до 1943 година.